ЖАН-МИШЕЛ ЖАР ЌЕ ОДРЖИ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО ВИРТУЕЛЕН НОТР ДАМ

Париз, (АФП)
Jean-Michel Jarre performs at the Coachella Music & Arts Festival at the Empire Polo Club on Friday, April 20, 2018, in Indio, Calif. (Photo by Amy Harris/Invision/AP)

Еден од пионерите на електронската музика Жан-Мишел Жар ќе одржи новогодишен концерт во 3-Д дигитална реплика на катедралата Нотр Дам. Тоа ќе се изведе со помош на француската компанија за виртуелна реалност „VrOOm“, а настанот е поддржан од градот Париз и УНИЦЕФ.

„Виртуелната реалност е за изведувачките уметности денес она што киното било за театарот во раните денови. Верувам дека таа во иднина ќе стане вообичаен начин на изразување“, изјави Жар.

Насловен „Добредојдовте на другата страна“, ексклузивниот настап на Жар ќе почне во 23:25 часот на 31 декември и ќе трае 45 минути. Тој ќе свири во живо во студио во близина на париската катедрала, додека неговиот аватар ќе се наоѓа во виртуелна верзија на Нотр Дам. Концертот ќе се пренесува преку профилите на Жар на социјалните мрежи, а оние кои сакаат уште посилно визуелно доживување, ќе треба да се приклучат на платформата VRChat.