ЖЕНСКИОТ МЛАДИНСКИ ХОР ПРИ МКЦ ПОБЕДИ НА АКАПЕЛА НАТПРЕВАР ВО ВАРШАВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Женскиот младински хор при Младински културен центар во Скопје уште еднаш ја покажа својата класа, освојувајќи го првото место на силниот меѓународен акапела натпревар „Варсовија кантат“ во Варшава, Полска.

Во конкуренција на голем број состави од Европа и Азија, хорот под раководство на маестро Сашо Татарчевски славеше во категоријата еднородни хорови. Покрај ова, хорот на МКЦ одржа концерти во катедрали во Варшава и во Згиерж, а настапи и на гала концертот во големата концертна сала на музичкиот универзитет „Фредерик Шопен“.

Во последните три години, Женскиот младински хор, кој пред неколку дена настапи и во рамките на фестивалот Синедејс во Скопје, освои десетина први и специјални награди на меѓународни натпревари во Романија, Полска и Словачка.