Објавен е официјалниот трејлер за документарниот серијал од три дела за славната ирска бој група од 1990-тите „Бојзон“. Документарецот насловен „Boyzone: No Matter What“ ќе биде достапен од 2 февруари на „Скај документарис“.
Двeминутниот трејлер нуди поглед на приказната за еден од најголемите светски бој бендови проследена со слава, падови и трагедија.
„Тие беа еден од најуспешните бендови на своето време, но она што се случувало зад сцената, конфликтите и ривалството, предавството и трагедијата, доведоа до негово распаѓање. Сега, триесет години подоцна, сите четворица живи членови, Ронан Китинг, Кит Дафи, Шејн Линч и Мајки Грем, како и нивниот менаџер Луис Волш, ја откриваат вистината за она што навистина се случило“, стои во најавата на документарецот.
Петтиот член на групата Стивен Гејтли почина во 2009 на 33 години.