НАЈГОЛЕМИОТ БРОД ЗА КРСТАРЕЊЕ ВО СВЕТОТ Е ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД „ТИТАНИК“ И ИМА ВОДОПАД ОД 17 МЕТРИ

Мајами, (Гардијан)

Вчера (27 јануари) од Мајами, своето прво комерцијално патување го започна најголемиот брод за крстарење во светот. Наречен „Икона на морињата“, бродот е подолг отколку што е висока Ајфеловата кула. Има 20 палуби и може да прими повеќе од 7.000 патници и членови на екипажот, и може да проголта пет брода како „Титаник“ за појадок.

Бродот има седум базени и шест тобогани (Фото: Гардијан)

Водениот парк кој е на горната палуба е наречен „Островот на возбудата“. Има шест тобогани и внатрешен водопад долг 17 метри. Претседателот на „Ројал карибиан“, Џејсон Либерти, им рече на новинарите дека тоа е најголемиот брод на планетата. Сепак, лансирањето на огромниот брод во Флорида, доби негативни критики од екологистите.

Различни студии на еколошки организации, заклучија дека таквите крстарења биле осум пати поинтензивни на јаглерод кој е штетен во поголеми количини.