НАЈМАЛОТО РОДЕНО БЕБЕ НА СВЕТОТ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА ПО 13 МЕСЕЦИ

Сингапур, (Би-Би-Си)

Бебе за кое се верува дека е најмало родено на светот излезе од болница во Сингапур по 13 месеци интензивен третман.

Квек Ју Сјуан тежела само 212 грама, колку едно јаболко, кога се родила, и била долга 24 сантиметри. Нејзината мајка се породила со царски рез во 25. недела од бременоста, четири месеци пред предвидениот термин откако ѝ била дијагностицурана прееклампсија, состојба на опасно висок крвен притисок што може да ги оштети виталните органи и да биде фатална за мајката и бебето.

Претходниот рекорд го држеше девојче од САД родено со 245 грама во 2018 година, според регистарот на ситни бебиња на Универзитетот Ајова.

Ју Сјуан сега има 6,3 килограми.

„Бебето имаше минимални шанси да преживее. Наспроти сите очекувања, таа ги инспирираше луѓето низ светот со своите истрајност и раст, што ја прави исклучително ‘ковид-19 бебе‘, зрак на надеж“, соопштија од болницата.