ЊУЈОРЧАНКА КОЈА СЕ ПОРОДИ ДОДЕКА БЕШЕ ВО КОМА ПОРАДИ КОВИД-19 СЕ СПОИ СО СИНОТ ПО 12 ДЕНА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Њујорчанка која се породила додека се борела со КОВИД-19 приклучена на респиратор конечно го запозна својот новороден син.

Триесет и шестгодишната Јанира Соријано го прими во раце малиот Волтер 12 дена по неговото раѓање, при што лекарите и медицинските сестри во болницата во Беј Шор, Њујорк, ги испратија со почесна стража и аплауз.

Соријано била во 34. недела од бременоста кога со проблеми со дишењето и трудови пристигнала во болницата, по што ѝ биле дијагностицирани коронавирус и пневмонија. Лекарите решиле да ја стават во вештачка кома и ја приклучиле на респиратор. Додека била во бессознание, лекарите ја породиле со царски рез на 3 април. Соријано сѐ до понеделникот била на респиратор.

За разлика од неа, бебето Волтер имал негативен тест на коронавирус, но лекарите велат дека ќе продолжат да ја следат неговата состојба.