ОСКАРОВКАТА ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС ГО ЧЕКА ВТОРОТО ДЕТЕ

Лондон, (Дејли мејл)

Оскаровката Џенифер Лоренс го чека второто дете со сопругот Куки Маруни. Претставник на 34-годишната актерка ја потврди веста за списанието „Вог“.

Лоренс и дилерот на уметнички дела Маруни се во брак од 2019 и веќе се родители на синот Сај, кој се роди во февруари 2022. 

Кога се роди Сај, имав чувство како целиот мој живот одново да почнал. Имав толку многу љубов во мене. Мислам дека ги сакав сите бебиња наоколу. Новороденчињата се толку неверојатни“, изјави Лоренс за „Вог“ во 2022.

(Фото: Филммеџик)