ОВА Е МОЖЕБИ МОЈАТА ПОСЛЕДНА СЕЗОНА ВО ЛИВЕРПУЛ, КАЖА САЛАХ

Ливерпул, (Би-Би-Си)

Мохамед Салах изјави дека ова е неговата последна сезона во Ливерпул и дека никој досега не разговарал со него за продолжување на договорот. Салах (32), чиј договор истекува на крајот на сезоната, намести два гола и постигна еден во вчерашната победа над Манчестер јунајтед од 3:0.

Кога доаѓав на ‘Олд Трафорд‘, си реков дека ова можеби ми е последен пат. Никој од клубот досега не разговарал со мене за нов договор и си мислам: ‘Во ред, ја играм мојата последна сезона и потоа ќе видам што понатаму‘. Ќе видиме што ќе биде следната година“, кажа Салах по завршувањето на мечот.

Салах потпиша нов тригодишен договор во јули 2022, кога стана најплатениот играч во историјата на Ливерпул, со неделна плата од над 350.000 фунти. Од минатото лето, клубови од Саудиска Арабија се обидуваат да го доведат Салах, при што Ливерпул одбил понуда од 150 милиони фунти.

Има многу ‘ако‘. Во моментов Салах е наш и многу сум среќен со тоа. Не е мое да зборувам за договори на играчи“, изјави тренерот Арне Слот.

(Фото: АП)