Драмски театар гостува на фестивалот РУТА во Подгорица со претставата „Падот на Масада“ во режија на Дејан Пројковски. Од 8 до 13 април во Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.
Ансамблот на Драмски вечерва (11 април) ќе ја игра претставата на сцената „Будо Томовиќ“, каде што неделава ќе се претстават и останатите членки на Унијата: Београдско драмско позориште, Местно гледалиште Љубљана, Камерни 55 од Сараево, театарот Улисис од Хрватска и Градско позориште Подгорица.
„Падот на Масада“ е работена по текст на Венко Андоновски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски. Улогите ги играат Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.
Фото: Драмски театар