Памела Андерсон се омажи за својот телохранител, во кого се вљубила за време на карантинските денови. Тоа е шести брак за легендата на „Плејбој“ и ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“.
Нејзиниот нов сопруг е билдерот Ден Хејхерст, со кого се венчала за Божиќ на интимна церемонија на островот Ванкувер.
„Се наоѓам токму таму каде што сакам да бидам: во рацете на човекот кој вистински ме сака“, изјави 53-годишната Андерсон, која потекнува од мало рибарско село во Канада.
Таа го запознала Хејхерст кога Канала почнала да се затвора минатата година поради коронавирусот и оттогаш биле неразделни.
„Се венчавме на имотот што го купив од баба ми и дедо ми пред 25 години. Тука се венчаа и моите родители и тие сѐ уште се заедно, така што ова е како затворање на кругот“, вели Андерсон.
Нејзиниот последен брак, што се распадна во февруари 2020, траеше само 12 дена.