ПЕЈАЧКАТА ДАФИ ОТКРИ ДЕКА НЕКОЛКУ ДЕНА БИЛА ДРОГИРАНА И СИЛУВАНА

Лондон, (Би-Би-Си)

Пејачката Дафи откри дека изминативе години се повлекла од јавност со цел да се фокусира на заздравувањето од тоа што била „дрогирана, силувана и држена во заробеништво неколку дена“.

Триесет и петгодишната Велшанка, која се прослави со песната „Милост“ (Mercy) од 2008 година и освои Греми награда, побара од своите 33.000 следбеници на Инстаграм да ѝ дадат поддршка, додавајќи дека повеќе детали ќе сподели во интервју што ќе излезе наскоро.

„Не можете да замислите колку пати сум помислила да го напишам ова. Не знам што ме ослободи да прозборам сега. Многумина од вас се чудеа што се случи со мене, каде исчезнав и зошто. Вистината е дека бев дрогирана, силувана и држена во заробеништво неколку дена. Преживеав, но ми требаше време да заздравам. Сега сум добро и безбедна“, напиша Дафи на Инстаграм, не откривајќи кога се случило ова.

Нејзиниот дебитантски албум „Rockferry“ беше најпродаван албум во Велика Британија во 2008, а вториот го издаде две години подоцна, по што зеде пауза од музиката.