ПЕЈАЧКАТА ДЕМИ ЛОВАТО СЕ СВРШИ ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО СЕ ПРЕДОЗИРАШЕ СО ДРОГА

Лос Анџелес, (АП)

Американската пејачка Деми Ловато се сврши со актерот Макс Ерик, точно две години откако преживеа предозирање со хероин. Дваесет и седумгодишната Ловато и ѕвездата на сапунската серија „Млади и неуморни“ се во врска од почетокот на оваа година.

Ловато оваа година имаше голем камбек во јавноста, при што објави неколку синглови, ја отпеа американската химна на Супербоулот и настапи на доделувањето на наградите Греми, а се појави и во комедијата на „Нетфликс“, „Евровизија: Приказната за Фајр сага“.

Таа во минатото отворено зборуваше за своите проблеми со зависности и откако во март 2018 одбележа шест години трезвеност, повторно им се врати на лошите навики, што за малку не заврши фатално во јули истата година, кога беше пронајдена предозирана.