ПЕЈАЧКАТА НА „ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ“ ПОЧИНА САМО ДЕН ОТКАКО БЕШЕ ОБЈАВЕНО ДЕКА ЌЕ НАСТАПАТ НА Д ФЕСТИВАЛ

Белград, (СМАРТ СДК.МК)

Пејачката на „Дисциплина кичме“, Маринка Мања Ѓорѓевиќ, ненадејно почина само еден ден откако беше објавено дека култната српска група ќе настапи на годинашниот Д Фестивал во Дојран.

Групата ја потврди трагичната вест на својата Фејсбук страница, не изнесувајќи други детали.

Педесет и едногодишната Ѓорѓевиќ ѝ се придружи на групата пред десетина години, по враќањето на фронтменот Душан Којиќ-Која од Лондон и завршувањето на фазата на англиски јазик и заедно снимија три албуми. Во овој состав, „Дисциплина кичме“ настапи и на фестивалот „Здраво млади“ во Скопје во 2014 година.

Д Фестивал пред само два дена објави дека Која и друштвото ќе настапат во Дојран на 13 јули.