ПЕЈАЧКАТА НА „ГРЛС АЛАУД“ САРА ХАРДИНГ ПОЧИНА ОД РАК НА 39 ГОДИНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Пејачката на британската поп група „Грлс алауд“, Сара Хардинг, ја изгуби борбата со ракот на дојка на 39 години, објави нејзината мајка. Хардинг во август 2020 објави дека ѝ била дијагностицирана болеста и дека се проширила на други делови од телото. Во почетокот на годината таа кажа дека лекарите ѝ рекле дека нема да доживее уште еден Божиќ.

„Не можам да прифатам дека овој ден дојде. Дел од мене и од нас веќе не е тука и тоа е незамисливо болно и сурово“, изјави Никола Робертс, колешката на Хардинг од „Грлс алауд“.

„Грлс алауд“ е најуспешната британската женска група во 21. век (Фото: Гети)

Хардинг се прослави кога влезе во финалето на шоуто за таленти „Попстар“ во 2002 година, добивајќи место во групата која стана „Грлс алауд“. Таа стана најуспешната британската женска група во 21. век, откако продаде 4,3 милиони синглови и четири милиони албуми. Објави пет албуми од 2003 до 2008, од кои произлегоа 21 топ-10 хит на британската топ-листа, вклучувајќи четири на првото место.

Откако групата се распадна во 2013, Хардинг продолжи со филмска и телевизиска кариера.