Лео Меси планира да игра за Аргентина и по претстојното финале на Копа Америка, во кое неговата репрезентација се среќава со Колумбија.
„Како што реков и порано, сакам да продолжам за играм за националниот тим. Сакам да живеам од ден за ден, без да мислам што носи иднината. Имам 37 години и само бог знае кога ќе биде крајот“, изјави Меси,
Тој има постигнато 109 голови на 186 натпревари во дресот на Аргентина.
Меси се повлече од репрезентацијата по поразот од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016, но се врати само седум недели подоцна. Во меѓувреме ја предводеше Аргентина до титулите на Копа Америка во 2021 и на Светското првенство во Катар во 2022.
Ако игра на следниот Мундијал во САД, Канада и Мексико за две години, тоа ќе му биде рекорден шести.
(Фото: АП)