ПО 22 ГОДИНИ, МНТ ОДИ НА ФЕСТИВАЛОТ СТЕРИИНО ПОЗОРЈЕ ВО НОВИ САД СО „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Македонскиот народен театар (МНТ) ќе учествува на 70. издание на фестивалот Стериино позорје во Нови Сад со претставата „Народен пратеник“, во режија на Егон Савин. Фестивалот ќе се одржува од 26 мај до 3 јуни 2025 под мотото „Создавање историја/менување на иднината“. Покрај МНТ, во натпреварувачката програма учествуваат и Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, Атеље 212, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште во Нови Сад и други.

Последното учество на МНТ беше пред 22 години со претставата „Павиљони“, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

МНТ ги добил последните награди на Стериино позорје во 1985 и тоа награда за претстава во целина за „Среќна нова ’49“, награда за режија за Слободан Унковски, награда за актерско остварување за Ненад Стојановски и награда за сценографија за Динка Јеричевиќ, сите за истата претстава. Следната година, награда за особени заслуги добил режисерот Димитар Ќостаров.

(Фото: К. Галевски)