ПО ПРИЈАВА ОД СОСЕДИТЕ, САФОЛК ГО ИСПИТУВА ЕЗЕРОТО НА ЕД ШИРАН

Лондон, (Би-Би-Си)

Имотот во Сафолк на британскиот пејач Ед Ширан ќе биде истражен од градските власти, за да се осигураат дека вештачкото езерце кое го гради е за подобрување на животната средина, а не за „откачен животен стил“.

Советот се одлучи за истрага по реакциите од соседите на поп ѕвездата, дека пејачот всушност гради базен кој ќе се користи за пливање и водени спортови, што е забрането. Советот на Сафолк ќе го испита случајот за да се осигураат дека сите правила биле следени.

Вештачкото езеро доби дозвола за градба во јануари 2017. Портпаролот на советот ги повика соседите да пријават доколку имаат докази за „несоодветно користење на езерото“.