Помладиот брат на Диего Марадона, Хуго, почина во Неапол на 52 години, 13 месеци по еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Фудбалскиот клуб Наполи објави дека Марадона, исто како и неговиот славен брат, починал од срцев удар.
Како и неговите браќа Диего и Раул, и Хуго почнал да игра фудбал на рана возраст и бил младински репрезентативец на Аргентина. Во 1987 година му се придружи на Диего во Наполи, пред да му биде позајмен на Асколи.
На 20 септември истата година, Диего и Хуго заиграа еден против друг во Серија А, кога Наполи победи со 2:1. Хуго Марадона не оствари голема кариера, иако играше и во Шпанија, Австрија, Аргентина, Јапонија, Венецуела и Канада. По завршувањето на кариерата се врати во Италија и остана да живее во Неапол.