ПОЧИНА РАПЕРОТ ДЕЈВИД ЏОЛИКЕР, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА ГРУПАТА „ДЕ ЛА СОУЛ“

Њујорк, (Би-Би-Си)

Дејвид Џоликер, еден од основачите на легендарното хип хоп трио „Де Ла Соул“, почина на 54 години. Причината за смртта не е објавена, но Џоликер претходно зборуваше за своите проблеми со срцето.

Џоликер ја основал групата во 1988 заедно со Келвин Мерсер и Винсент Ламонт Мејсон и таа изврши големо влијание врз хип хопот на крајот на 1980-ите и во почетокот на 1990-ите. Би Рил од „Сајпрес Хил“ го опиша Џоликер како легенда на хип хоп музиката и културата.

Дебитантскиот албум на „Де Ла Соул“, „3 Feet High and Rising“, излезе во 1989 и се смета за еден од најдобрите во историјата на хип хопот. Од него произлегоа и хитовите „The Magic Number“ и „Me, Myself and I“. Групата објави вкупно девет студиски албуми, последниот во 2016. Дел од нив првпат се појавија на стриминг платформите дури минатиот месец, откако беше решен спорот околу стотици семплови користени од групата.

(Фото: Гети)