Поп ѕвездата Аријана Гранде се разведува по две години брак, објавија американските медиуми. Извори блиски на пејачката изјавија дека таа и агентот за луксузни недвижности Далтон Гомес се разделени уште од јануари и неодамна заеднички донеле одлука за развод.
Веста за разводот следува откако 30-годишната Гранде беше снимена без прстен на завчерашното финале на Вимблдон.
Гранде и Гомес ја почнале врската во почетокот на 2020, а се венчаа во мај 2021. Тие велат дека се разделиле откако сфатиле дека не можат да функционираат заедно во светот по пандемијата.
(Фото: АФП)