На 1 ноември во 19 часот во Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори изложбата „Кара“ (Carra) на уметникот Бојан Ковски. Изложбата е инспирирана од италијанската икона Рафаела Кара, која почина во 2021.
„’Carra’ е експлозија на движења, бои и форми, каде телото станува платно, а секој потег – песна што не се слуша, туку гледа. Ја истражувам идејата за телото како живо платно, кое станува средство за изразување на емоции, ставови и естетски идеали. Во оваа изложба, ќе бидат претставени 12 body-art инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет, кои на 15 македонски модели ќе раскажуваат своја приказна, како: Антониа Гиговска, Калтрина Круезиу, Миа Араби, Александар Динев, Ведрана Ѓорѓевиќ“, вели Ковски.
Во проектот учествуваат и 12 фотографи, како и стилисти.
Влезот е слободен.