Книгата „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Елизабета Баковска ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во Јавна соба.
За книгата која содржи текстови напишани во периодот од 2005 до 2016 ќе говори Оливера Ќорвезироска, а извадоци ќе чита Тихомир Јанчовски.
Баковска (1969) дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Главен уредник е на електронското списание за култура и литература „Блесок“, преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика.
На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ и Давид Албахари. Нејзини поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски и на црногорски јазик.