ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКА СО НАЈПОЗНАТИТЕ ПЕСНИ НА ИГОР ЏАМБАЗОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот, водител и шоумен Игор Џамбазов, вечерва во 19 часот, во мезе-ресторанот „Вип база“ во Скопје, ќе ја промовира седмата книга „Улица Диши длабоко“.

Книгата, во издание на „Три“, е збирка од околу 70 најпознати песни напишани или изведени од Џамбазов, како и од „Нокаут“, Тамара, Тијана, Ребека, Елена и од Калиопи. Во збирката има и текстови кои за првпат ќе се прочитаат во јавност.

„Покрај незаборавните блуз-стихови, тука се и забавните описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци“, вели издавачот.