ПРВА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФОТ ЖАРКО ЧУЛИЌ НА 24 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 24 октомври во 20 часот, во Центар Јадро во Скопје ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Жарко Чулиќ, со наслов „Гравитација во пауза”. Изложбата ќе содржи 19 фотографии, распределени во пет групи во галерискиот простор на Центар Јадро.

Делата се специјално изработени за овој фотографски проект како скулптури и позадини во бои кои се менуваат.

Жарко Чулиќ e роден во Скопје во 1985, студирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, кога почнал да се интересира и за фотографија и дизајн. Во Скопје ја завршил првата школа за аналогна фотографија и историја на фотографија, а во 2012 заминал во Белград, каде учел креативна фотографија. Учествувал на повеќе групни изложби и работел на неколку проекти со познати уметници од регионот. Во последните години се бави и со модната фотографија.