По 118 години постоење, Реал Мадрид конечно доби и женски фудбалски тим, одлука што беше поздравена како позитивна.
Тринаесеткратниот европски првак го купи мадридскиот клуб Такон за 300.000 евра и тој отсега ќе се вика Реал Мадрид Феменимо.
„Реал сака да придонесе кон развојот и подемот на женскиот фудбал. Дојде време да изградиме тим на кој ќе бидете горди“, изјави претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перес.
Такон е формиран во 2014 година и минатата сезона се пласираше во најсилната шпанска лига, кога почна да се подготвува за преземањето, доведувајќи ги шведските репрезентативки Косоваре Аслани и Софија Јакобсон и Бразилката Таиса.
По овој потег, Борусија Дортмунд остана последниот европски фудбалски гигант без женска екипа.