РЕВИЈАТА ЈА ПОСВЕТИВ НА ЖЕНИТЕ КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ЖИВЕАТ, РЕЧЕ ДИЗАЈНЕРКАТА ИВАНА КНЕЗ КОЈА ПРОСЛАВИ 15 ГОДИНИ РАБОТА НА СКОПСКИОТ МОДЕН ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Модната дизајнерка Ивана Кнез прослави 15 години работа со нејзината ревија „Да живее драмата“ (Viva La Drama) во рамките на Скопскиот моден фестивал.

Ивана Кнез колекцијата ја нарече „Да живее драмата“ (Фото: Ѓ. Личовски)

Модниот фестивал почна сношти и ќе трае до 6 април во трговскиот центар „Дајмонд“.

Фото: Ѓ. Личовски

Ивана Кнез прикажа оригинални креации на богато модно шоу кое гостите го проследија носејќи маски, а маската беше заштитен знак на дел од нејзините претходни креации.

Фото: Ѓ. Личовски

„Инспирирана сум од пет култни филма кои влијаеја врз создавањето на тоа што сум, култни филмови кои до денес менуваат животи. Ја посветувам на моите најмили, на оние кои ме поддржаа без разлика на сѐ што се случи изминативе 15 години. Наменета е за жени кои не се плашат да живеат, не се вклопуваат во туѓи критериуми и имаат храброст да бидат свои“, ни рече Кнез.

Фото: Ѓ. Личовски

Специјална гостинка меѓу моделите беше поп-пејачката Бојана Скендеровски, која соработува со Ивана Кнез и испеа песна од Кристина Агилера.

Фото: Ѓ. Личовски

За време на модниот настан се прикажа кус моден филм во кој учестуваат Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска.

Фото: Ѓ. Личовски

Од агенцијата „Макс менаџмент“, која е организатор на настанот, велат дека изминативе три години учествувале над 60 дизајнери, брендови и академии.

Фото: Ѓ. Личовски

М. ЏАРОВСКА