Поп ѕвездата Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд објавија дека го добија третото дете, овојпат преку сурогат мајка.
„Пресреќни сме што можеме да споделиме со вас дека добивме девојче. Добредојде на светот, Колет (Коко) Џозефин Вилијамс! Минавме низ долг и тежок пат до тука и затоа го криевме ова“, напиша Филд на Инстаграм.
Американската актерка и судијка во „Икс фактор“ ѝ се заблагодари на „неверојатната сурогат мајка“, додавајќи дека е „благословена што живее во свет во кој ова е можно“.
Вилијамс и Филд се веќе родители на шестгодишниот Теди и на четиригодишниот Чарлтон.
Филд побара да се почитува приватноста на Коко, откако пред четири години, Вилијамс детаљно го документираше раѓањето на Чарлтон, објавувајќи видеа и фотографии на Твитер.
Тие не објавија други детали за сурогат мајката и кога се решиле на таков чекор.