На 17 и 18 јануари, во скопскиот хотел „Александар палас“ ќе се одржи традиционалниот Ромски бал, годинава по 45. пат.
Најавена е програма со повеќе пејачи од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од други земји. Еден од гостите ќе биде Мухарем Сербезовски, познат пејач на народна музика по потекло од Скопје кој живее во Сараево. Сербезовски почнал да пее на 14 години, објавил педесетина албуми и напишал 400 песни и седум романи. Ќе настапи и македонскиот фолк-пејач Ѓоко Јовиќ.
Организатор на настанот е Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, кој претходно го организираше балот. И годинава, како и лани, дел од водителите е Лила Стојановска.
Фото: Ѓ. Личовски