РУНИ МАРА И ХОАКИН ФЕНИКС ДОБИЈА СИН И ГО КРСТИЈА ПО НЕГОВИОТ ПОЧИНАТ БРАТ РИВЕР

Њујорк, (Скај)

Актерите Руни Мара и Хоакин Феникс добиле син и го крстиле Ривер, по братот на Хоакин, големата холивудска ѕвезда, која почина на 23 години, објави нивни пријател.

Режисерот Виктор Косаковски ја откри новоста за време за Филмскиот фестивал во Цирих, додека го промовираше новиот филм „Gunda“, каде што извршен продуцент е Феникс. Косаковски се извини во негово име што не може да присуствува на настанот и кажа:

„Тој само што доби бебе, прекрасен син кој се вика Ривер и затоа не може сега да го промовира филмот“.

Ривер Феникс почина од предозирање со дрога во 1993 година.

Хоакин (45) и 35-годишната актерка сѐ уште јавно не ја потврдија информацијата. Тие се запознаа на снимањето на филмот „Таа“ во 2013, а се свршија лани во мај.