САШКО КОЦЕВ СЕ ВРАТИ НА „ЗЛАТНА БУБАМАРА”, ПУБЛИКАТА ГО ПРЕЧЕКА СО ОВАЦИИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот Сашко Коцев по една година пауза се врати на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста”, која се одржува по 27. пат. Коцев се појави на сцената во салата „Борис Трајковски” еден час откако почна шоуто.

Публиката го пречека со овации, а Коцев се пошегува дека „Бубамара” годинава ќе трае само еден час и ќе биде само неговата точка.

„Јас извадив пасош, не со врски, туку на фората ‘Само да прашам‘”, кажа Коцев.

М. ЏАРОВСКА