Поп ѕвездата Рита Ора и режисерот Таика Ваитити се венчале на интимна церемонија во Лондон по повеќе од една година врска. Триесет и едногодишната британска пејачка по потекло од Косово веќе го променила презимето и отсега ќе биде Ваитити-Ора.
Ора и 15 години повозрасниот оскаровец во изминатите денови беа снимени со златен прстен на рацете, што ги засили шпекулациите дека веќе се венчале.
„Тоа беше многу интимна и суперспецијална церемонија. Иако е јавна личност, Рита е посветена да го чува својот приватен живот што е можно повеќе и затоа не сакаше венчавката да биде голема вест“, изјави извор близок на двојката за „Сан“.
Ора и Ваитити ја почнале врската во март 2021, а се свршиле пред два месеца.