Селена Гомез и ар-ен-би ѕвездата Д Викенд раскинаа по 10 месеци врска.
„Селена и Абел со месеци имаа проблеми во врската. Беше тешко за двајцата што тој е постојано на турнеја а таа на снимања во Њујорк. Тоа не беше лесно за нив“, вели анонимен извор за магазинот Пипл.
Раскинувањето доаѓа откако Селена изминатиов период беше видена со нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, со кого беше во врска со прекини од 2011 до 2015 година. Селена и Џастин беа видени кон крајот на октомври заедно во црква, но и на доручек во кафуле во Калифорнија.