Селена Гомез објави дека се свршила со музичкиот продуцент и композитор Бени Бланко. Актерката, пејачка и од неодамна милијардерка им се пофали на своите 423 милиони следбеници на Инстаграм со голем свршенички прстен, додавајќи „засекогаш почнува сега“.
Гомез и Бланко лани потврдија дека се во врска, откако претходно соработуваа на два нејзини сингла.
Триесет и двегодишната Гомез почна да глуми уште како дете, по што ја продолжи кариерата како пејачка и актерка. Денес е жена со најмногу следбеници на Инстаграм и успешна бизнисменка, при што нејзиното богатство од 1,3 милијарди долари во најголем дел доаѓа од нејзината козметичка компанија „Rare Beauty“.
Во понеделникот, таа доби две номинации за Златен глобус, за улогите во филмот „Емилија Перес“ и серијата „Само убиствата во зградата“.
(Фото: Гети)