СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО КРИЕ РОДЕНДЕНОТ НА КИМ ЏОНГ УН, НО СЕ ВЕРУВА ДЕКА НАПОЛНИЛ 40 ГОДИНИ НА 8 ЈАНУАРИ

Сеул, (Ројтерс)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наводно влегол во светот на 40-годишниците, додека државните медиуми продолжуваат со повеќедеценискиот молк за неговиот роденден.

Се верува дека роденденот на Ким е на 8 јануари, иако ова никогаш не беше потврдено. Американската влада вели дека Ким е роден во 1984, со што оваа година полни 40 години.

Датумите на раѓање на неговите татко и дедо се прославуваат како национални празници во земјата. Сепак, роденденот на Ким секогаш бил премолчуван во државните медиуми и календари и само во јануари 2020 властите признаа дека тој добил роденденски подароци од тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, иако точниот датум не беше спомнат.

Оваа година на 8 јануари, државните медиуми го покажаа Ким како посетува фарма за кокошки со ќерка му.

(Фото: КЦНА)