Сопругата на Шон Пен, Лејла Џорџ, поднесла барање за развод во суд во Лос Анџелес по само една година брак, објави сајтот Ти-Ем-Зи.

Пен и 32 години помладата австралиска актерка, која е ќерка на актерот Винсент Д‘Онофрио, се венчаа во јули 2020 на интимна церемонија, на која присуствувале само неколку луѓе.

Двократниот оскаровец ја почнал врската со Џорџ во 2016 година, набргу по раскинувањето со Шарлиз Терон. Тој претходно беше во брак со Робин Рајт од 1996 до 2010 и со Мадона од 1985 до 1989 година. Во бракот со Рајт доби две деца.