СИЈА ГИ КОМПОНИРАШЕ ПЕСНИТЕ ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА НАТАЛИ ПОРТМАН

Лос Анџелес, (Гардијан)

Австралиската поп-ѕвезда Сија и американскиот авангарден музичар Скот Вокер, кој бил популарен во 60-ите години на минатиот век, ја компонираа оригиналната музика за новиот филм со Натали Портман, „Вокс лукс“.

Премиерата на филмот е закажана за 4 септември на Венецискиот филмски фестивал.

Режисер е Брејди Корбет, а играат Џуд Ло и Портман, која влезе на местото на Руни Мара на почетокот на годинава. Филмот е за пејачката Селест и го следи развојот на нејзината кариера од 1999 година. Ло го игра нејзиниот менаџер.

По Венеција, филмот ќе игра и на фестивалот во Торонто.