ШОН ПОЛ НЕ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ, КОНЦЕРТОТ ОТКАЖАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Концертот на големата јамајканска реге и хип хоп ѕвезда Шон Пол во Скопје, што требаше да биде единствен во регионот, е откажан на неколку часа пред неговиот почеток.

Како што објави еден од организаторите, „Фјужн продакшн“, Шон Пол од технички причини бил спречен да се качи на летот од Лондон за Скопје и поради тоа што неговата турнеја продолжува за Азија, немаше можност за презакажување на концертот за утре.

Шон Пол во Скопје го чекаше импресивна бина со широчина од 40 метри на стадионот на АРМ, а од вчера, во градот беа дојдени и членовите на неговата придружна екипа на музичари и танчари.

Од „Фјужн продакшн“ велат дека купените влезници ќе можат да се зачуваат за новиот датум на концертот, што дополнително ќе бил соопштен.

Покрај Шон Пол, на концертот требаше да настапат и неколкумина домашни хип хоп артисти, кои, исто така, известија за откажувањето.