Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, ќе ја има скопската премиера на 23 октомври во Драмски театар. Претставата во четири дела е копродукција на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалишче Љубљана и „Град театар“ од Будва.
Премиерата беше на 10 август во рамките на фестивалот „Град театар“ во Будва, каде што имаше четири изведби. Играат актерите од четирите уметнички куќи: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.