Денес (21 јуни) почнува 46. издание на фестивалот Скопско лето, кој го организира Дирекцијата за култура и уметност Скопје.
Во 19 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на уметникот Томе Аџиевски.
Во 20:30 часот во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Мостови на музиката: Софија – Скопје“. На сцената ќе настапат Академскиот оркестар „Панчо Владигеров“ од Националната музичка академија – Софија, како и млади диригенти и музички уметници од Македонија и Бугарија. Ќе диригираат Ана Спасовска и Николаи Хилендаров.
Солисти се: Јана Каевска – флејта, Марија Магдалена Желјазгова – флејта, Санја Јович Джорджевич – виолина, Тодор Иванов – виолончело, Искра Атанасова – Митуш – пијано и Николај Маринов – пијано.
На концертот ќе бидат изведени дела од Вивалди, Моцарт, Лист и Чајковски.
Влезот е слободен.