СНИМКА ОД „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ ЌЕ СЕ ЕМИТУВА НА ТЕЛЕВИЗИЈА В НЕДЕЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Снимка од манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, која се одржа на 22 февруари во салата „Борис Трајковски“, ќе се емитува в недела (3 март) на „Канал 5“ од 19;30 часот.

Популарното шоу годинава се одржа по 27. пат, а награда за трајни вредности добија Драган Мијалковски. Нино Величковски, Жељко Самарџиќ и Рамбо Амадеус.

Мијалковски, кој годинава со концерт ќе одбележи 60 години кариера, испеа неколку од своите најголеми хитови со ревиски оркестар. Црногорскиот кантавтор Рамбо Амадеус настапи со Националниот џез оркестар. По 15 години, настапи и раперот Раде Врчаковски-Врчак заедно со дуото „ДНК“.

Актерот Сашко Коцев по една година пауза се врати со свое стендап шоу, а водители беа актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски.