СОЛШЕР ЌЕ БИДЕ ТРЕНЕР НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО 2024

Манчестер, (Би-Би-Си)

Оле Гунар Солшер го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2024 година, со опција за уште една сезона. Норвежанецот стана постојан тренер во март 2019, наследувајќи го Жозе Мурињо, кој беше отпуштен три месеци порано.

Ова следува откако Јунајтед минатата сезона заврши на второто место во Премиерлигата и загуби во финалето на Лига Европа, со што Солшер сè уште му нема донесено трофеј.

„Поубедени сме од кога било дека под водство на Солшер се движиме во вистинската насока“, изјави извршниот потпретседател Ед Вудворд.

Солшер помина 11 сезони на „Олд Трафорд“ како играч и беше дел од трофејната ера на Алекс Фергусон.

Манчестер вчера го претстави своето прво големо засилување за новата сезона, Џејдон Санчо, за кого ѝ плати 73 милиони фунти на Борусија Дортмунд.