Стивен Кинг не е само мајстор на хоророт, тој е и еден од најплодните современи писатели. Тој пишува десет страници дневно, што е околу 180.000 зборови за период од три месеци.
Неговите кратки приказни и книги имаат доживеано над 200 филмски и ТВ-адаптации, од кои „Тоа“, „Сјаење“, „Бегството од Шошенк“ и „Зелена милја“ денес се вистински класици.
Авторот кој годишно заработува 17 милиони долари имаше што да каже и во своите мемоари „За пишувањето“, во коишто дава вредни совети како да се биде подобар писател.
„Нема да лажам и да кажам дека нема лоши писатели. Извинете, но има голем број лоши писатели“, вели Кинг.
За да не бидете еден од нив, еве кои негови совети треба да следите.
- Престанете да гледате телевизија. Место тоа, читајте колку што е можно повеќе. Кинг вели дека телевизијата е отров за креативноста.
- Подгответе се за неуспеси и за лоши критики повеќе отколку што можете да поднесете.
- Не губете време на задоволување други луѓе, пишувајте исклучиво за себеси.
- Кога пишувате, исклучете се од остатокот на светот.
- Не бидете претенциозни.
- Усовршете ја уметноста на опишувањето, но избегнувајте прилози и долги параграфи.
- Пишувајте приказни за она што луѓето навистина го прават.
- Ризикувајте, не играјте на сигурно.
- Сфатете дека не ви требаат дроги за да бидете добар писател.
- Сфатете дека пишувањето е форма на телепатија.
- Пишувајте секој ден и сфатете си ја работата сериозно.
- Кога пишувате, не бидете роб на граматиката.