Комедијата „Внимавај што посакуваш“ од белградскиот Театар на брду ќе гостува во Скопје на 17 април во Националната опера и балет од 20 часот. Во главните улоги се Радован Вујовиќ, Александар Радојичиќ и Александра Томиќ.
„Внимавај што посакуваш“ е создадена според мотиви од претставата „Љубовната листа“ од канадскиот сценарист Норм Фостер. Оригиналниот текст првпат бил изведен во 2003 во Онтарио.
„Претставата зборува за двајца мажи кои ќе паднат во замката да ја бараат совршената жена“, велат од „Јес продукција“.
Билетите се продаваат преку karti.com.mk