СТАНОТ НА ДИЗАЈНЕРОТ КАРЛ ЛАГЕРФЕЛД ВО ПАРИЗ СЕ ПРОДАВА ЗА 10 МИЛИОНИ ЕВРА

Париз, (Гардијан)

Футуристичкиот стан на Карл Лагерфелд во Париз се продава за 10 милиони евра. Покојниот моден дизајнер живеел во станот со поглед на реката Сена цела деценија.

Конечната цена од 11 милиони евра сосе нотарските такси е двојно поголема од основната цена, утврдена на 5,3 милиони евра.

Сместен во зграда од 17. век на кејот Волтер, домот со три соби има поглед кон Сена и музејот Лувр. Станот од 260 квадратни метри беше целосно реновиран од Лагерфелд во футуристички стил, со бетонски под и делови од пескарено стакло.

Лагерфелд, чии спектакуларни креации и ревии за „Шанел“, „Фенди“ и неговиот сопствен бренд имаа големо влијание врз светот на модата, живееше во станот до неговата смрт на 85-годишна возраст во февруари 2019. Неговите канцеларија и библиотека во Латинскиот кварт во Париз сега се отворени за јавност како книжарница и простор за настани.