СТИВЕН СИГАЛ СТАНА ЧЛЕН НА РУСКА ПАРТИЈА БЛИСКА НА ПУТИН

Москва, (Ројтерс)

Холивудскиот актер Стивен Сигал се придружи на партија блиска на Владимир Путин, чиј е долгогодишен обожавател. Тој викендов прими членска книшка на алијанса наречена Само Русија-Патриоти-За вистината, која се формираше оваа година со спојувањето на три левичарски партии, сите поддржувачи на Путин. Таа планира да учествува на парламентарните избори во Русија, што ќе се одржат во септември.

Сигал (69) има руско државјанство од 2016 и две години подоцна доби ангажман да ги подобри хуманитарните врски со САД, во периодот кога односите помеѓу двете земји беа нарушени.

На партиската конференција викендов, Сигал предложи апсења, а не само парични казни за бизнисмените кои ја загрозуваат животната средина.