ТАРАНТИНО СТАНА ТАТКО НА 56 ГОДИНИ

Тел Авив, (Дејли мејл)

Прославениот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик објавија дека станале родители. Тоа е прво дете за 56-годишниот Тарантино и за 20 години помладата пејачка.

Пик, која е Израелка, се породила вчера во Тел Авив.

„Даниела и Квентин се среќни што можат да објават дека го добиле нивното прво дете. Нивниот син е роден на 22 февруари“, кажа претставник на двојката за сајтот ТМЗ.

Весникот „Ерусалим пост“ објави дека бебето е родено во болница во Тел Авив. Двојката засега нема објавено како ќе му биде име.

Тарантино и Пик живеат во Беверли Хилс, но навестуваат дека би можеле да се преселат во Тел Авив, каде што од ноември имаат стан.

Тие се запознале во 2009 година, кога Тарантино бил во посета на Израел за да го промовира својот филм „Неславни копилиња“, но врската ја почнале дури седум години подоцна. Во 2017 тие објавија дека се свршиле, а се венчаа во ноември 2018 во Беверли Хилс.