ТЕЈЛОР СВИФТ СО СКРИЕНА КАМЕРА НА КОНЦЕРТИТЕ ГИ ЛОВИ СВОИТЕ ДЕМНАЧИ

Њујорк, (Индипендент)

Поп пејачката Тејлор Свифт на еден од своите концерти користела технологија за препознавање лица, за да може да ги идентификува нејзините демначи.

Според „Ролинг стоун“, на настапот во Пасадена имало скриени камери кои ги фотографирале посетителите и снимките се пренесувале во командна станица во Нешвил. Тие потоа се вкрстувале со база на податоци од стотици познати демначи на пејачката.

„Секој што ќе влезеше во салата погледнуваше во камерата без да знае и потоа софтверот работеше“, изјави Мајк Даунинг, шеф на обезбедување во компанијата „Оук вју груп“.

Дваесет и двегодишниот маж, кој упадна и спиеше во куќата на Свифт во Њујорк, минатата недела се спогоди со судот и нема да помине шест месеци во затвор. Свифт не била во куќата, а тој беше уапсен под обвинение за следење и грабеж.

И компанијата за продажба на влезници „Тикетмастер“ планира да ја користи стартап програмата „Блинк ајдентити“, со која сензори за помалку од половина секунда ќе ги идентификуваат луѓето кои влегуваат на концерти.