Том Харди, конечно, го исполни ветувањето што му го дал на Леонардо ди Каприо во 2016 година.
Тој тогаш се обложил со својот колега од „Повратник“ дека нема да добие оскар, ветувајќи му дека ќе направи тетоважа по негов избор, доколку Дикаприо, сепак, триумфира во категоријата најдобар актер.
Како што е познато, долго очекуваната награда, сепак, не му избега на Дикаприо и судејќи според фотографијата што ја објави на Инстаграм, Харди сега си го одржал зборот.
Деталите за тетоважата Харди ги откри во едно интервју во декември 2016 година.
„Тој ми напиша, со еден ужасен ракопис, ‘Лео знае сѐ‘. Му реков, во ред, ќе го направам тоа, но мора точно да ми го напишеш“, кажа Харди.
Според тетоважата што ја направил Харди, двајцата на крајот се договориле за верзија со помалку букви.