ТРАМП СЕ СООЧУВА СО ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА АМЕРИКАНСКИ АКТЕРИ

Лос Анџелес, (АП)

По напуштањето на Белата куќа, Доналд Трамп би можел да го изгуби и членството во Здружението на американски актери (САГ), кое обединува личности од светот на филмот, телевизијата, радиото и медиумите.

САГ објави дека со големо мнозинство изгласал дека Трамп можеби ги прекршил условите за членство, поврзано со неговата улога во упадот во Конгресот на 6 јануари и со постојаната кампања на ширење дезинформации. Ако дисциплински комитет го прогласи за виновен, тој би можел да биде исклучен од САГ, што, сепак, не значи и забрана за идни настапи.

Трамп е член на ова здружение од 1989 година, а неговата биографија ги вклучува реалното шоу „Изборот на Доналд Трамп“ и кратките улоги во „Сам дома 2“, „Сексот и градот“ и „Принцот од Бел-Ер“.