Трендот „Без купување“ постои со години, но со порастот на интересот за антиконсумеризам и намалувањето на прекумерното трошење, концептот добива на популарност, особено на ТикТок. Некои видеа поврзани со овој тренд имаат речиси 200 илајди прегледи.
Се работи за намалување на непотребното трошење и финансиска дисциплина која ве поттикнува да донесувате попаметни одлуки за вашиот буџет. Во пракса, тоа значи купување само на неопходните работи и тоа најчесто во јануари, иако некои продолжуваат да го применуваат во текот на целата година.
Трендот значи купување на основни работи како храна и плаќање кирија и комунални услуги, и избегнување трошоци на производи како шминка, нова облека и електроника или трошење пари на ноќни излегувања.
Со почетокот на 2025, овој тренд повторно привлекува внимание. Корисниците на ТикТок ги споделуваат своите планови и предизвици, а некои одлучија да го прифатат овој начин на живот во текот на годината за дополнително да ги намалат трошоците.
Некои избираат да избегнуваат одредени продавници, додека други нагласуваат дека нема да купуваат шминка, облека за вежбање или електроника. Избегнуваат и патувања, бидејќи тоа често води до непланирани купувања. Други се откажуваат од рестораните, слатките и нездравите грицки, се со цел да заштедат пари и да ги променат навиките за исхрана.
Фото: Јутјуб